Велјаноски изрази сочувство до семејствата на загинатите пилоти

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски упати писма со сочувство до семејствата на загинатите припадници на хеликоптерската единица на МВР, Мицев, Трајковиќ, Орешков, Лопатички:

-Почитувани, дозволете од свое лично име и од името на пратениците на Собранието на Република Македонија во овие мигови на голема тага да ви упатам најдлабоко сочувство за загубата и трагичното загинување на Драги Мицев, Марјан Трајковиќ, Тоде Орешков, Иљо Лопатички.Трагичната несреќа и заминувањето на  врвни професионалци, ценети и почитувани пријатели и колеги е голема загуба пред се за семејствата и блиските, но и огромна загуба за Република Македонија. Во овие тажни мигови со сите вас ја споделуваме болката од нивното прерано заминување. Нека почиваат во мир, стои во писмото од Вељаноски.

12.07.2014 - 12:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега