Денеска Ноле и Јелена ќе го кажат судбоносното „да“ и пред Бога

 

За некое време би требало да започне црковното венчавање на Новак и Јелена Ѓоковиќ, а како што пренесуваат српските весници, младенците тукушто пристигнале во црквата во која судбоносното „да“ ќе го кажат и пред Бога.

 

Венчавката ќе се одржи во „Свети Стефан“, во црквата која го носи името на полуостровот.

 

Засега е познато дека први во црквата пристигнале свештените лица кои ќе ги венчаат, а веднаш по нив пристигнале и родителите на Новак, Срѓан и Дијана Ѓоковиќ, а пред малку дошле и младенците.

 

Новак и Јелена веќе склучија граѓански брак во четвртокот на 10. Јули.

12.07.2014 - 12:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега