ВИДЕО: Повредата на Нејмар била лажирана?!

 

Според порталот „Sport Witness” повредата на Нејмар била лажирана.

 

Во Бразил како епидемија се шири текстот објавен на порталот „Sport Witness“ дека повредата на Нејмар била лажирана.

Според овој портал целата ситуација е теорија на завера и дека најдобриот бразилски фудбалер во моментов воопшто не бил толку тешко повреден.

За потсетување Нејмар се здоби со тешка повреда на мечот Бразил-Колумбија, откако Зунига по еден опасен старт од зад грб тешко го повреди  фудбалерот кршејќи му го третиот пршлен на грбот при што тој веднаш беше префрлен во болница, а поради оваа повреда го пропушти мечот против Германија кој неговата селекција го загуби со 7:1.

Овој портал тврди дека сето тоа е теорија на завера, односно дека Нејмар воопшто не бил повреден. Објавено е видео кое е снимено на 8-ми јули, на кое се гледа како Нејмар нормално оди само четири дена по тешката повреда.

Воедно објавени се фотографии со кои порталот тврди дека во болницата не бил донесен Нејмар туку некој друг. Како доказ за тоа алудираат на тетоважите на десната рака кои ги има Бразилецот, додека лицето кое било донесено во болницата ги нема.

 

 

12.07.2014 - 11:55
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега