Симптомите на инфаркт се различни кај мажите и жените
Една од најчестите симптоми на инфаркт се болки во градите. Меѓутоа, кај жените може да се појават и други симптоми, како болка во грбот, вилицата, вратот.
Кога жената ќе почувствува тежина во градите, остра болка во горниот дел од стомакот, болка во левата рака, грбот, вилицата и вратот или тешкотии при дишењето, би требало веднаш да посети лекар.
Наспроти тоа, најчест симптом кај мажите е тежок и јак притисок во подрачјето на градите, кој може да се шири во долната вилица и рамињата.
Во неодамнешното истражување на вкупно 2.500 жени и мажи забележано е дека мажите и жените обично имаат многу слични или исти симптоми на срцев удар (инфаркт), а најчеста е болката во гради која некогаш се шири.
Лекарите потврдуваат дека жените обично имаат помалку драматични симптоми на инфаркт, а резултатот од тоа може да биде жените почесто да добиваат погрешна дијагноза отколку мажите.
За жените, исто така, постои поголема веројатност дека ќе умрат после инфарктот отколку мажите, се наведува во американската студија спроведена на 1.400.000 пациенти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа