Миленко на Фејсбук: Мухамед Зекири е девојче

„Талибанче што крши споменици и девојченце што уцвика“. Вака новинарот Миленко Неделковски го нарече уредникот на Алсат телевизија, Мухамед Зекири, откако тој вчера на својот Фејсбук профил на недоличен начин го повика премиерот Груевски да му гостува во емисијата.

Новинарот Неделковски на својот Фејсбук профил напиша:

„Еееее, мој Муки... Холандско-американско платениче. Талибанче што крши споменици. Подбуцнувач на немири. Посакувач на крв по улици.
Ти ли најде да зборуваш за “биди маж, дојди“!!! Се сеќаваш ли дека ти пред една година беше момичето, девојченцето што уцвика и никогаш “не бидна маж“ да дојдеш како редовен гостин во мојата емисија. Да бидеш во емисија каде ќе дебатираш со мажи, а не со предавници, соросоиди и поткупени таканаречени интелектуалци.
Ти ли бе, од под сукњата на Мариет, зборуваш за тоа кој е а кој не е маж?“

Со својата објава на Фејсбук, Зекири имаше за цел да претстави слика дека Груевски не гостува во емисии на албански јазик, а премиерот токму вчера беше гостин во ударните вести на албански јазик на МРТ.

 

11.07.2014 - 10:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега