Куманово: Бесплатни дигитални приемници за 3.600 корисници на социјална помош
Корисниците на социјална парична помош може да дојдат во просториите на центарот и бесплатно да подигнат дигителен применик, информираат од Центарот за социјални работи Куманово.
- Во центарот бесплатни дигитални приемници може да подигнат 3.600 корисници на социјална парична помош, колку што се евдидентирани во трите општини Куманово, Липково и Старо Нагоричане, вели директорот на кумановскиот Центар за социјални работи Даниел Живачки.
Според него, на овој начин корисниците на социјалната парична помош ќе немаат дополнително оптоварување на семејните буџети со процесот на дигитализција во државава, што ќе стратува од први јуни годинава.
- Дури и оние лица кои во текот на месец мај поднеле барање за користење на социјална парична помош и на кои им е одобрено ќе имаат можност да си подигнат применик. За подигањето освен документ за лична идентификација не се потребни други документи, информира Живачки.