ВИДЕО: Слонот кој плачеше си најде девојка

Слонот Раџу кој бил50 години заробен и измачуван, започна нов живот во семејство кое што го посвои.

Веднаш по пристигнувањето, тој ја запозна Пулкали, слончица која исто така била спасена пред две години, а ја пронашле изгладнета во напуштено складиште, без прозорци.

Пулкали е денес во одлична состојба, па со својот нов пријател ја сподели вечерата ( манго, банани и бисквити), а странските медиуми се пошегуваа дека меѓу нив се раѓа љубов.

Др. Јади, ветеринар кој се грижи за слонот, тврди дека тој „изгубил доверба во човековиот род“.

Цела екипа се грижи околу тоа да му ги санира раните, настанати во текот на тортурата.

10.07.2014 - 16:40
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега