Пишев: Со отпишувањето на долгови ВМРО-ДПМНЕ им помогна на најранливите категории на граѓани

Со законот за отпис на долгови, ВМРО-ДПМНЕ се во целосна заштита на најранливите категории на граѓани, истакна денеска пред Собранието, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица, Васил Пишев.

Пресс24 интегрално го пренесува обраќањето на Пишев во Собранието.

Би сакал да зборувам за суштината на овој закон, за тоа како реагираа оваа категорија на граѓани и да ги пренесам на јавноста реакциите од овој предлог на закон од местото каде што доаѓам, од Струмица и околината и луѓето кои ги преставувам.

Оваа мерка беше најавена во изборната кампања, и во таа атмосфера луѓето се често сумничави и си велат ова е уште едно изборно ветување, ова се приказни за гласови и слично.

Се сеќавам кога одевме помеѓу граѓаните и ја објаснувавме мреките на програмата на ВМРО –ДПМНЕ луѓето реагираа добро и со доверба, но искрено кога ќе ја спомневме мерката за отпис на долгови, луѓето реагираа малце со неверување, често знаеја да кажат дека тоа е невозможно, дека никој нема да им помогне за нивните кредите, нивните лични  долгови, нивните неплатени сметки.

Многу често знаеја да речат, верувам дека ќе ми ја направите улицата, дека ќе имам водовот, дека ќе има поефтини лекови и слично но дека ќе ми помогнете во мојот личен долг јас искрено не верувам.

Се сеќавам дека луѓето во тој период беа бомбардирани од страна на опозицијата дека државата нема пари, дека државата гради само споменици и фонтани, дека Владата мисли само на себе, дека кај и да е Владата  ќе банкротира и ќе ги остави сите долгови на граѓаните, бидејќи нели државата  е премногу задолжена.

Дојде и тој ден, за мене историски, 10 јули 2014 година, овој закон е пред нас и денес ќе го изгласаме. Денеска ќе биде  запомнето дека пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата изгласаа закон кој дирекно ќе им се помогне на најранливите категории. Ова е можеби историски момент затоа што веќе неколку денови барам компарација по другите земји ваква или слична мерка.

Оваа мерка е еднократна и е дирекно поврзана со проблемите кои ги има предизвикано светската економска и европската должничка криза. Во Исланд има можеби нешто слично но верувајте дека таму се јавуваат многу нејаснотии и препреки.

Денеска кога ќе се изгласа овој предлог на закон ние драги колеги ќе промениме многу животни судбини, ќе помогнеме на многу семејства и фамилии, денеска ќе им дадеме шанса на луѓето, и од овој ден па натака луѓето од оваа група на граѓани ќе знаат дека не се сами, дека проблемите и долговите кои ги надвиснале ќе ги решаваме заедно. Владата на Република Македонија ќе направи се што е во нејзина моќ што помалку луѓето да страдаат.

Оваа предлог на мерка ќе го намали приливот во буџетот, но за ВМРО ДПМНЕ  решавањето на проблемите на граѓаните немаат цена. Дали ВМРО -  ДПМНЕ е свесна за последиците на најголемата светска и европска должничка  криза може да го потврди само овој предлог на закон. Да, ние сме свесни и пеколно се бориме да ги неутрализираме ударите од кризата и во тоа ќе победиме. Овој предлог на закон немаше денес да биде пред нас ако Македонија немаше еден од најмалите долгови во Европа, и немаше да биде пред нас ако денес Македонија го немаше  еден од најголемиот економски раст во Европа.

И на крај, ВМРО – ДПМНЕ се стави во целосна заштита на најранливите категории на граѓани со овој предлог на закон. Многу граѓани од Струмица ќе го видат  бенефитот од овој Закон.

10.07.2014 - 15:47
Фото: 
pisevzastrumica
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега