Божиновска: Македонија не смее да биде заложник на каков било верски радикализам

 Република Македонија не смее да биде заложник на каков било верски радикализам, со оглед на фактот што токму меѓуетничките и меѓуверските состојби отсекогаш биле позитивен аргумент за нашето меѓуетничко и меѓуверско живеење. Најостро ги осудуваме организаторите на протестите кои што ги искривуваат фактите со цел да предизвикаат тензии и поделби помеѓу заедниците, порачува денеска директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска.

Македонија, стои во соопштенито од Божиновска, не може да дозволи добрите меѓуетнички и меѓуверски односи да бидат разнишани со обидите на верски радикални елементи однадвор кои не и сакаат добро на Република Македонија.

Затоа,  додава Божиновска, апелираме да се избегнува насилство, провокации и манипулирање со најмладите и најкревки припадници на популацијата, како и да не дозволиме да се руши имиџот на Република Македонија како земја во која судската власт е независна, а меѓуетничките и меѓуверските односи секогаш биле на високо ниво.

10.07.2014 - 15:41
Фото: 
Курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега