Само Мајк Тајсон го разбира Суарез
Поранешниот боксер Мајк Тајсон, изјави дека горазбира Луис Суарез, кој во натпреварот против Италија на Светското фудбалско првенство во Бразил го гризна по рамото на ветеранот Џорџо Киелини.
Тајсон во 1997-та година го гризна Холифилд за увото во тек на дуел, поради што го разбира Суарез.
„Јас тоа одлично го разбирам. Така е кога се обидувате да славите триумф. Се ќе сторите да успеете на кој било начин“, вели Тајсон за медиумите од Италија.
10.07.2014 - 14:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа