Кристијан Голубовиќ доби забрана за влез во Црна Гора

На некогашното лошо момче, Кристијан Голубовиќ, полицијата му забранила влез во Црна Гора. Според податоците на српскиот Ало, полицијата смета дека Голубовиќ нема да го искористи престојот правилно, па затоа и му е забранет истиот.

Тој вчера бил запрен со тројца пријатели и четири часа бил испрашуван во полиција. Полицајците сметаат дека престојот нема да го искористи за она за кое што е дојден, па затоа забраната ќе му важи до 15 јануари идната година.

10.07.2014 - 10:59
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега