Поучна приказна- двете вреќи
Го запрашале првиот човек: Што имаш во вреќата?
Првиот човек одговорил: Сите мои успеси, сите добри дела на моите пријатели, сите животни радости – тоа е во мојата вреќа. Скриени од погледи, завршени, покриени со лисја, не ми пречат многу. Во вреќата напред ги носам своите убави и лоши спомени, нештата што ми се случиле. Чекорам, застанувам често, ги вадам, ги разгледувам, ги анализирам, размислувам што со нив? Секогаш се со мене во мислите и раѓаат емоции. Овој човек често застанувал, се вртел назад, се измачувал со спомените и напредувал малку и мошне бавно.
И вториот човек го запрашале истото:
Рекол: Во предната вреќа ги носам моите добри дела, спознанието за вистинските вредности. Често ги гледам, ги вадам и ги покажувам. Вреќата на грбот ги содржи грешките и моите слабости. Ги носам со себе кај и да одам, бидејќи тие се мои и не можам туку така да ги зафрлам на страна. Ме успоруваат, и понекогаш се многу тешки.
Третиот човек одговорил:
На предната вреќа напишав: Добри спомени. Преполна е со позитивни мисли, добри човечки дела, сите добри работи кои сум ги имал и сум ги направил во животот, мисли за сопствената сила. Оваа вреќа не ми тежи. Напротив, како бродско едро, ми помага да се движам напред. Вреќата на грбот има натпис: Лоши спомени. Таа е празна, бидејќи направив дупка на дното. За се лошо што ми се случило, за лошите мисли кои понекогаш ги имам за себе, за злото што другите го прават, многу малку размислувам и сето тоа го фрлам во оваа вреќа. Низ дупката тие исчезнуваат засекогаш.
ЈАС СУМ СЛОБОДЕН. ЈАС НЕМАМ ТЕЖИНА ШТО ЌЕ ГО ПОПРЕЧУВА МОЈОТ ПАТ КОН НАПРЕД!
Извор: Попара
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа