Фрчат попусти низ Скопје уште пред да почне сезоната

Иако летната сезона само што започна, по излозите низ главниот град може да се видат плакати „Цените паѓаат“, „Попуст од 50 отсто“, „Сезонска распродажба“, дури и „Ликвидација“, објавува Дневник.

Трговците изминатите години како да одлучија да ги одврзат цените и да почнат порано со попустите. Наместо во август, кога обично е на распродажба она што не се продало во летната сезона, сега трговците одлучуваат уште во јуни да ги спуштат цените и да ги направат достапни за граѓаните, пишува весникот. 

Брендирана летна облека и обувки, пишува Дневник, уште во јуни се продаваат со попуст од 50 до 70 попуст.

-Но, судејќи според искуството на граѓаните, се поставува прашањето дали брендираните производи во земјава на почетокот од сезоната се преценети, па на попуст да ја добијат реалната цена, за дури наесен граѓаните да го добијат попустот. Односно дали попустот е навистина попуст?, прашува Дневник.

Според познавачите, маркетиншките трикови ќе останат на менито на трговците, но, граѓаните се оние кои треба да се освестат и да не дозволат да бидат измамени. Граѓаните пак, за Дневник коментираат дека не веруваат во декларативните попусти се додека сами не се уверат дека цените се намалени.

Целиот текст прочитајте го тука.

 

08.07.2014 - 09:53
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега