Подгответе се за пеколни температури

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло со мала облачност, а во пладневните часови умерено облачност со услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен претежно јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 19, а дневната од 30 до 36 степени.

Во Скопје претпладне времето ќе биде сончево и топло со мала облачност, а во пладневните часови умерено облачно со услови за нестабилност со појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 35 степени.

Во среда ќе дува умерен јужен ветер, а температурите ќе достигнат и до 36 степени. До крајот на работната недела температурите ќе бидат до 35, а малку посвежо односно до 33 степени ќе бидат за време на викендот.

08.07.2014 - 08:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега