Време: Подгответе се за неверојатен пекол

 

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло со мала облачност, а во пладневните часови со умерена облачност и со услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен претежно јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 19, а дневната од 30 до 36 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала облачност, во пладневните часови со умерена облачност и со услови за нестабилност со појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 35 степени.

Утре и во среда ќе дува умерен јужен ветер, но температурите ќе достигнат и до 36 степени. До крајот на работната недела температурите ќе бидат до 35, а малку посвежо односно до 33 степени ќе бидат за време на викендот. 

07.07.2014 - 22:42
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега