Куче нападна четиригодишно детенце - драма во Србија

4-годишно  девојче е тешко повредено  од куче од расата Стафорд.

Во саботата навечер во Пожаревац девојчето било нападнато, по што било згрижено во општата болница во Пожаревац и е вон животна опаснсот.

Таа била во паркот со мајката и си играла, а во еден момент го забележала кучето и се стрчала кон него да го погали.

како што пренесуваат српските медиуми, девојчето му пришло на кучето, тоа скокнало на неа и почнало да ја гризе по лицето. Кучето немало заштитна маска, а го водело засега непознато момче кое некако успеало да го оттргне кучето и потоа заминале.

 Полицијата трага по сопственикот на кучето кој ќе се терети за кривично дело.
07.07.2014 - 14:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега