Чуствувам вина - се отвори Меган Фокс

 

Познатата актерка и модел Меган Фокс пред новинарите изјави дека има големи семејни обврски, кои не се воопшто лесни и не се снаоѓа баш најдобро, со оглед на тоа дека е мајка на две деца.

Меган е мајка на два сина, 21-месечниот Ноа Шенон и четиримесечниот Боди Ренсом.

- Како мајка ми е тешко што на ниту еден од нив не можам да му посветам 100 отсто внимание и поради тоа чувствувам вина. Се плашам дека нема да сфатат колку се посебни и колку многу ги сакам, вели Фокс за списанието „Пипл“.

Фокс вели дека уште од сега го учи постариот син да се грижи за својот помлад брат наместо, да речеме, да гледа телевизија. Исто така, планира да им забрани користење компјутер и мобилен телефон најмалку до 8 одделение во основното училиште.

- Возбудена сум поради својата улога и едвај чекам да ги видам како најдобри пријатели во иднина, вели Фокс. 

07.07.2014 - 12:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега