Кристина Ковач прозборе за објавата со која го трогна Балканот - еве што кажа
Познатата пејачка Кристина Ковач, до неодамна и судија на Икс-Фактор, каде победи македонската гордост Даниел Кајмакоски, се отвори за трогателната објава која ја напиша за својот сакан кој боледува од рак на лимфните жлезди.
- Напишав се што мислев за љубовта. Не очекував дека медиумите ќе пренесат се. Тоа не е писмо како што сите и го нарекуваат, тоа е мој блог. Се шокирав кога видов дека сите го објавија, но потоа ми беше мило за позитивните реакции, вели Кристина за Курир.рс.
Со љубовта на својот живот Кристина се запознала во 2010. Таа вели дека го обожава, дека го сака повеќе од себе, дека нејзината ќерка ја сака како негова, а тоа е доволно за да знае дека е човекот на нејзиниот живот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа