Хилари Клинтон се огласи за Моника Левински по 18 години - еве што кажа
Хилари Клинтон, била интервјуирана од Дајен Сојер од АБЦ, која и поставила голем број на прашања, вклучувајќи ја и Моника Левински која се заплетка во секс скандал со Бил Клинтон.
Сојер ја запрашала Хилари Клинтон, што би и порачала сега на Левински.
-Јас би и посакала се најдобро. Се надевам дека таа ќе може убаво да размисли за нејзината иднина, а и да изгради живот кој ќе има значење и задоволство за неа, одговорила Клинтон.
-Јас стојам 100% зад тоа дека простувањето има голема значење во животот на оној кој простува. Знам многу луѓе, кои едноставно не можат да поминат преку некои работи и да простат. Простувањето е еден начин да отвориш врата кон иднината, без разлика дали станува збор за приватниот живот или пак за друг аспект од животот, додала таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа