Рецепт: Пилешки плескавици

Направете превкусни пилешки плескавици и изненадете ги своите најблиски.
Потребни Состојки
400 гр пилешки гради
1 јајце
1-2 лажици лебни трошки
1 лажица мешан сув зачин
1 младо кромитче
бибер по вкус
масло за готвење по потреба

Упатство
Пилешките гради се ставаат во сечко и се сечкаат до сомелување. Кромидот ситно се сечка. Останатите состојки освен маслото кое ни е за пржење се ставаат во смесата. Ако е ретка смесата може да додадете лебни трошки. Смесата се промешува и се остава 1-2 часа во фрижидер (но и не мора). Од смесата се формираат плескавици кои потоа се пржат во загреано масло во тава која не лепи.
Ако ви се лепи меленото месо на раце, ставете си малку масло и формирајте топка, па потоа расплескајте ја. Од оваа смеса обично излегуваат околу 10 со средна големина.

04.07.2014 - 10:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега