Скопскиот адвокат кој доби куршум го посочил својот напаѓач

Скопскиот адвокат И.П. во кој вчера беше пукано во скопски Бутел на полицијата и го посочил осомничениот. Според првичните и се уште неофицијални информации, вчера околу 16 часот во скопски Бутел, адвокатот се сретнал со напаѓачот откако претходно му ветил ангажман во случај поврзан со наплата на долгови преку извршители. Press24 веќе објави дека И.П. ветил дека ќе ја заврши работата со извршителите за што најверојатно од напаѓачот добил и пари. Но по одреден период, адвокатот не му го решил проблемот на напаѓачот по што овој испукал еден куршум кој завршил во неговата нога. Адвокатот упеал со своето возило сам да се превезе во болница

04.07.2014 - 10:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа