Македонските хокејари ја почнуваат борбата за пласман на Светско

Македонската репрезентација во инлине хокеј од денес, во Софија ги започнува натпреварите во квалификациите за Светското првенство кое ќе се одржи следната година во Финска. Квалификациите се играат  по турнирски систем, секој со секого, а за Светското првенство ќе се пласира само најдобрата репрезентација. Првиот натпревар Македонија го игра против Бугарија вечерва во 20 часот. Во сабота нашите хокејари ќе ги вкрстат палките со Израел во 17 часот, а во недела е последниот меч против Србија во 11 часот.

Бугарскиот стручњак Пламен Галабов, кој е селектор на македонската репрезентација за овој турнир ги повика следните играчи:

1.      

Владимир Илиевски (ХК Металург)

2.      

Рок Шарлохар (ХК Долењске Топлице СЛО)

3.      

Ивица Тасков (ХК Металург)

4.      

Иван Бачовски (ХК Металург)

5.      

Дмитриј Прокудин (ХК Сокол РУС/ХК Металург)

6.      

Јуре Внук (ХК Олимпија СЛО/ ХК Металург)

7.      

Стефан Децковски (ХК Партизан СРБ)

8.      

Јернеј Пејанович (ХК Долењске Топлице СЛО)

9.      

Давор Атанасов (ХК Јесенице СЛО/ХК Металург)

10.  

Борјан Пендаров (ХК Постојна СЛО)

11.  

Тарик Гочмен (ХК Металург)

12.  

Кристијан Ташевски (ХК Вардар)

13.  

Кристијан Грчевски (ХК Вардар)

14.  

Самуел Наумовски (ХК Вардар)

Директор на репрезентацијата: Зоранчо Гриовски

 

За овие квалификации македонската репрезентација е засилена со неколку играчи со македонско потекло. Ова е четврто учество на македонските хокејари на квалификации за Светско првенство.

 

 

04.07.2014 - 08:43
Фото: 
Кајгана
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега