ВИДЕО: Парите се повалкани и од WC школката

На монетите, во просек има повеќе бактерии отколку на WC – школката, но многу мал број на луѓе ги мијат своите раце по допир со пари, вклучувајќи ги и најразвиените земји...

Иако две третини од луѓето сметаат дека парите се валкани, во просек, секој петти човек ги мие своите раце по користење на банкноти или монети, покажуваат податоците од големата студија на MasterCard спроведена на повеќе од 9.000 луѓе, во 12 европски земји. Жените почесто ги мијат своите раце по допирот со пари отколку што тоа го прават мажите.

Според оваа студија, во просек, една банкнота во Европа на себе има преку 26.000 бактерии, а највалкани се парите во Велика Британија, Данска, Русија и Австрија, пренесува Daily Mail.

Ниту монетите не се имуни на бактери. Изминатата недела британската влада најавила воведување на пластични банкноти кои би требало да бидат поотпорни на нечистотии за разлика од хартиените и кованите пари.

Банкнотите од полимер прв пат биле воведени за употреба во Австрија во 1988-ма година, а од тогаш се користат во 20 земји низ целиот свет.

Ова видео ќе ви долови колку всушност се валкани парите:

Извор: Точка

 

03.07.2014 - 20:42
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа