Згодниот холивудски актер го слави својот 52-ри роденден

Познатиот холивудски актер Томас Круз денеска го слави својот 52- ри роденден. Тој е американски актер и филмски продуцент. Магазинот Forbes го класифицираше како најславна личност во светот во 2006 година. Тој беше номиниран за три оскари, и освои три Златни Глобуси. Неговата прва водечка улога беше во 1983 година во филмот „Ризични бизниси“. По одигрување на улогата на херојски поморски пилот во популарниот и финансиски успешниот филм „Топ Ган“, Круз продолжи во овој стил глумејки таен агент во трилогијата на акциони филмови „Невозможна Мисија“ во 1996, 2000 и 2006 година со кој најмногу се прослви. Покрај овие херојски улоги, тој исто играше и други улоги, како на пример женомрзечки машки гуру во филмот „Магнолија“ (1999) и ладен и пресметлив социопат и платен убиец во крими-трилерот на Мичел Ман, „Колатерал“ (2004). 

 

03.07.2014 - 20:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега