Зошто се уште се снимаат филмови со Адам Сендлер?

Неодамна до компанијата Sony Pictures било поставено прашањето зошто и понатаму снима филмови со Адам Сендлер?“ на сајтот „Quora“. Одговор добил од Кен Миамото кој некогаш работел за оваа компанија, пренесува „Business Insider“.

 

Одговорот на ова прашање бил многу едноставен: „Затоа што заработува пари.“

Адам Сендлер има речиси загарантирана публика. И покрај тоа што некои негови филмови не беа многу успешни, тој генерално е успешен и конзистентен изведувач.

Остварувањето „That’s my boy“ не пројде најдобро ако се земе во предвид тоа што оствари профит од 57 милиони долари во однос на буџетот за филмот од 70 милиони долари. Меѓутоа, неговите два претходни филма остварија голем профит.

Остварувањето „Jack and Jill“ заработи 150 милиони долари, речиси дупло од буџетот за снимање, а „Hotel Transylvania“ беше огромен успех со заработени 346 милиони долари наспроти буџетот од 80 милиони долари. Тука е и филмот „Just go with it“ кој ширум светот заработи 215 милиони долари, а буџетот за снимање бил 80 милиони.

Остварувањето „Grown Ups“ и „You don’t mess with the Zohan“ заработија 217 и 200 милиони долари, наспроти буџетот од 80 и 90 милиони долари. Дури и филмот „Mr. Deeds“, кој многумина го сметаат за негов најлош филм, оствари заработка од 171 милион долари за снимање од 50 милиони.

 

Се чини дека „Sony“ пронашле успешна формула која работи покрај буџет од околу 80 милиони долари, а Сендлер е секако нејзин клучен дел.

 

03.07.2014 - 19:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа