Претепан уредникот на новинската агенција Фонет

Хулигани синоќа двапати го претепаа уредникот на српската новинската агенција Фонет, Давор Пашалиќ, во близина на неговиот стан во Нов Белград.

Фонет бара итна реакација од полицијата и Обвинителството. Агенцијата очекува истрагата да ги утврди мотивите за нападите, бидејќи напаѓачите покрај обидот да изнудат пари, го навредувале Пашалиќ и врз национална основа.

- Отсуството на итна реакција од полицијата и Обвинителството придонесе ширење на атмосфера на страв и несигурност, не само во медиумите, туку и во општеството во целост, и дополнително ги охрабрува потенцијалните напаѓачи, се истакнува во соопштението од Фонет.

Агенцијата предупредува на континуираните закани и напади врз новинари во Србија, кои со години, поради различни причини, се изложени на брутално насилство.

03.07.2014 - 18:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега