Сексот ги однесе во четвртфинале

Многу селектори згрешиле кога пред Светското првенство одлучија да им забранат секс на своите фудбалери бидејќи ниедна репрезентација во целибат не се пласираше меѓу осумте најдобри, а некои дури ни во вториот круг.

 

Таков пример се Шпанија и Русија, додека Чиле и Мексико поминаа во осминафинале, но не и понатаму.

 

За разлика од нив Бразил, Германија и Холандија на првотимците им дозволија да уживаат со понежните половини, а како најдобар пример се наведуваат Холанѓаните кои слободното време најчесто го користат во семејно опкружување. Франција и Хондурас исто така му кажаа „да“ на сексот.

 

Привилегија да уживаат во сексот, а не поминаа понатаму се Англичаните, но и Босна и Херцеговина. Но, затоа Уругвајците немаа забрана, како и Нигерија, Швајцарија и САД, само што овие тимови не поминаа меѓу осумте најдобри.

03.07.2014 - 17:19
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега