Серии кои се гледаат во „еден здив“

 

Според последните истражувања спроведени од  американската дигитална компанија TiVo се повеќе испитаници ги гледаат ТВ сериите во „еден здив“, односно гледање на неколку или дури сите епизоди по ред.

Овој феномен е наречен „brindge watching“, последица е развојот на дигиталното снимање кое овозможува на гледачите своите омилени серии ги гледаат во ритамот кој им одговара, наместо една епизода неделно.

Анкетата опфати 15.000 луѓе, и утврдено дека дури 91 отсто од корисниците на TiVo веќе практикувале „ binge-watching“, односно гледање најмалку три епизоди на една серија по ред.

Најгледана серија на овој начин била за многу ТВ ремек дело „Breaking Bad“ (35 отсто), на второ место се најде серијата за лакомост и корупција „Куќа од карти“ (29 отсто), додека трето место зазема епската приказна „Игра на престолот“ (25 отсто).

03.07.2014 - 16:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега