ФОТО: Ова е момчето кое го делат двете идентични близначки

 

31- годишниот Бен Бирн, работи како механичар и моментално  е момче на идентичните близначки Ана и Луси, кои потрошија илјадници долари за да изгледаат што е можно послично.

Имено Ана и Луси се родени како идентични близначки, но сакајќи да дојдат до тој степен никој да не може да ги распознае потрошиле четврт милион фунти на пластични операции.

Близначките беа хит на медиумите кога пред извесно време за нив се пишуваше дека делат се, па дури и момчето.

Конечно тие и во јавност го претставија Бен, кој вели дека ужива во оваа врска затоа што добива двојно повеќе љубов и внимание.

Бен, Ана и Луси се во врска веќе 18 месеци, а интересен е фактот што и Бен има брат близнак.

03.07.2014 - 16:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега