Бруно Марс ја разбудил од кома!
Младата девојка Зумаја Торп доживеала тешка сообраќајна несреќа во која ја загубила својата мајка и двете помлади сестри, додека на неа никој не и давал големи шанси да оздрави, бидејќи не се будела од кома.
Медицинските сестри за време на лечењето на Зумаја и пуштале песни, а единствено реакции покажувала на тие кои ги изведувал Бруно Марс. Кога го забележале тоа, секојдневно и пуштале негови песни.
По некое време случило вистинско чудо и младата тинејџерка се разбудила од кома, додека нејзината баба Ронда била убедена дека причина за тоа биле хитовите на Марс.
"Апсолутно сум убедена дека тие песни ја вратија во живот", рекла Ронда, а со оваа теорија се согласиле и докторите кои ја лечеле.
За ова слушнал и Бруно Марс па самиот ја поканил Троп на неговиот концерт кој го одржал во Кливленд. Пред повеќе од 20.000 луѓе, само за Зумаја ја испеал "Just the Way You Are".
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа