Нимиц доаѓа во Македонија - Самарас плука среде Европа

Медијаторот Метју Нимиц во наредните неколку недели ќе ги посети Македонија и Грција, на нoва рунда разговори за прашањето за името.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, оваа информација доаѓа од постојаниот претставник на Грција во ОН, амбасадорот Михалис Спинелис, кој говореше на конгрес на американската асоцијација на Грците во Њујорк.

Во врска со преговорите за името на Македонија, Спинелис рекол дека Грција учествува „со добра волја“. Осанува нејасно, дали „добрата волја“ на Грција беше говорот на Самарас во Европскиот парламент, институција која треба да биде темел на европската демократија и столб на различностите каде грчкиот премиер отворено рече дека не постои македонски јазик. 
Оттука, се поставува прашањето, за што би преговарала Македонија.

 

 

 

 

03.07.2014 - 12:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега