Работел како наставник во тетовско училиште со лажна диплома

37 годишниот тетовчанец К.М. си заработи кривична пријава бидејќи работел како наставник со фалсификувана диплома.

К.М. кој работел како наставник во ОУ „Хасан Тасими“ во селото Седларево, во текот на 2012 година се стекнал со фалсификувана диплома за завршено високо образование на Факултетот по природни науки при Универзитетот во Тирана во Албанија, која потоа ја употребил како вистинска во Министерството за образование и наука во Македонија. Итриот К.М. успеал да добие Решение за нострифицирање на лажната диплома.

 

03.07.2014 - 11:48
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега