Искуси повозбудлив начин на снимање со новата Action Cam HDR-AS20

Летото е на прагот – пречекајте го подготвени. Доживејте ги сите возбудувања што следат заедно со новата Action Cam AS20.

Со помош на широкоаголниот објектив ZEISS Tessar, ќе ги снимите вашите авантури со агол од 170° (120° при активирана стабилизација SteadyShot) што е речиси приближно на видното поле на човечкото око. Сите брзи движења и потреси на камерата се елиминирани или ублажени од стабилизацијата SteadyShot, при возење на велосипед, потреси од бранови или пак под влијанието на ветерот. Секако како додатна димензија на реализам во самата видео содржина придонесува и стерео микрофонот, кој доловува доста богат и природно мек звук. Со тоа секојдневните авантури поминати со Action Cam AS20 ќе станат незаборавни.

Сензорот Exmor R™ CMOS со позадинско осветлување, ќе ви овозможи да направите фотографии и Full HD видеа со одличен квалитет, дури и во услови на мрак, кога нема доволно светлина за камерата. Високиот пренос на податоци овозможува снимање и до 28Mbps за слика со висок квалитет и богата со детали, дури и во сцени каде што има премногу елементи и камерата бележи почести движења.

Вградениот Wi-Fi, внатре во камерата ја олеснува конекцијата со додатокот за контрола на камерата, далечинскиот управувач за на рака, RM-LVR1 Live-View. Достапен како дополнителна опција, овој елемент кој притоа е и водоотпорен, овозможува монтирање на дури пет камери на тешко достапни места како на пример предницата на велосипедот или пак самата заштитна кацига – кога сте на скијање.

Додатна флексибилност на самата камера и додава вградената ротирачка функција на самата слика во услови кога камерата е поставена на површини каде што лесно може да се ротира наопаку за 180°.

Тенкиот дизајн на Action Cam ја прави достапна каде и да одите, било на планинска авантура со велосипед или пак екстремни спортови и скејт-парк. Аеродинамичниот дизајн помага при лесно справување со притисокот на воздухот, и камерата се справува одлично со сите надворешни услови при спуштање со велосипед на стрмни удолнини или пак скокање со падобран и параглајдер.

Батеријата трае многу подолго за разлика од претходниот модел на Action Cam. Сега таа може непрекинато да снима видео дури до 130 минути кога е вклучен Wi-Fi и 150 минути кога Wi-Fi не е во функција.

По снимањето со Action Cam надвор, апликацијата PlayMemories Home Ви овозможува лесно доуредување на сите снимени видеа на Вашиот компјутер дома, и дополнително споделување на сајтови како што се Facebook® and YouTube™. New Video Merge овозможува креирање на поделен екран дури до четири видеа кои се симултано снимани, како и нивно следење и уредување. 

 

Новата HDR-AS20 Action Cam од Sony е достапна во продажба. 

03.07.2014 - 11:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега