Резервни очила и меѓународна возачка дозвола - како да избегнете казна од грчката полиција летово

Доколку летово се решите да одите на одмор кај јужниот сосед, препораката е да извадите меѓународна возачка дозвола. Иако ретко се случува грчките полицајци да ја побараат, сепак, ситуацијата со Македонија и некој неровзен полицаец, може да резултираат со казна која изнесува 50 евра. 
Возачи кои редовно патуваат во Грција, велат дека при евентуална сообраќајна несреќа, ќе имате проблем да го активирате осигурувањето доколку немате меѓународна возачка дозвола.
Како кај нас, така и кај јужниот сосед појасот е задолжителен. Казната е 30 евра. Појас мора да носат и тие на задната клупа, бидејќи може да се случи, некој грчки полицаец да се реши и за тоа да Ви напише казна. 
Доколку со вас возите мало дете задолжително е седиштето за деца. Полицијата може да ве казни доколку ве запре, а детето не е во своето седиште. 
Интересна казна имаат Грците за оние кои според возачката дозвола треба да возат со очила. Освен тоа што мора да ги носите на себе, Грците може да Ви пишат казна и доколку немате резервен пар очила во возилото. Казната за овој необичн прекршок изнесува 20 евра.
Оние кои ќе патуваат за Грција нека си го наполнат резервоарот во Македонија, доколку патувате преку граничниот премин Богородица, имате неколку бензински пумпи непосредно пред да влезете кај јужниот сосед. Бензинот во Грција е значително поскап од македонскиот.
На граница, за оние што не биле до сега во Грција напоменуваме дека нашите соседи бараат да поплниме едни формулари на кои го ставаат печатот. Затоа, пред да дојде Вашиот автомобил на ред за пасошка и царинска контрола, вие излезете од него и од полицискиот шалтер подигнете ги листовите. За секој патник во автомобилот потребен ви е по еден лист. Чувајте го добро во текот на целиот одмор, бидејќи истиот ќе треба да го покажете на враќање за да добиете излезен печат од грчката полиција. Истиот тој формулар можете да го користите повеќе пати, односно, доколку се решите повторно да одите кај соседите.

На границите во моментов задржувањата се околку половина час иако се очекува, како одминуваат деновите и туристичката сезона се ближи кон шпицот, времето да се зголемува. Препораките се да поминете околу 6 часот наутро.

03.07.2014 - 11:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега