150 македонски војници заминуваат во Авганистан

Во касарната „Боро Менков“ во Куманово денеска ќе се одржи свеченост по повод испраќањето на контингентот на АРМ од составот на Првата механизирана пешадиска бригада, (1.мпбр) кој учествува во мировната мисија ИСАФ во Авганистан. На свеченоста ќе присуствува началникот на ГШ  на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески.

Во седумнаесеттата ротација на мировната мисија ИСАФ, во која АРМ учествува со механизирана пешадиска чета, во Авганистан ќе заминат 150 припадници на 1. мпбр. Тие со најстариот национален претставник ќе бидат распоредени во главната команда на ИСАФ во Кабул.

Припадниците на АРМ кои се дел од контингентот за мисијата ИСАФ, во следните шест месеци задачите ќе ги извршуваат во рамките на контингентот на Армијата на Обединетото Кралство, каде што ќе бидат задолжени за обезбедување на главната команда на силите на ИСАФ во Кабул.

-За досегашното беспрекорно и професионално извршување на задачите, покажаната компатибилност и интероперативност со силите на Алијансата во мисијата ИСАФ, припадниците на АРМ од командата на ИСАФ и од високите командни структури на Алијансата, изминативе години во континуитет добиваат највисоки оценки, заради што уживаат висок рејтинг, стои во соопштението од ГШ на АРМ. 

03.07.2014 - 08:54
Фото: 
Канал 5
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега