ВИДЕО: Две лица плукале во бистата на Скендербег - уапсени по ова видео

Двајца косовски исламисти биле уапсени во Kачаник под сомневање дека пред три дена ја осквернавиле бистата на Ѓерѓ Kастриот - Скендер-бег во центарот на градот. Kосовската полиција ги уапсила осомничените откако ги препознала на видеоснимка од сквернавењето, која ја поставиле на интернет-каналот „Јутјуб“, пренесува Дневник.

Kосовските медиуми јавуваат дека полицијата ги уапсила Арбен Бериша(37) и Јетон Вербани(40) од Kачаник откако ги препознала на снимката што самите ја направиле. На снимката, Бериша ја удира бистата, а Верани е снимателот. Двајцата ќе бидат пријавени за поттикнување верска омраза и национална нетрпеливост“, а по барање на обвинител одредена им е мерка притвор. 

Бериша и Вербани, според медиумите, се членови на нерегистрираната организација Исламска младина - Kачаник. Водач, или емир, на организацијата е извесен Лавдерим Мухаџери од Kачаник, водач на албанските џихадисти во Сирија. Негов заменик е Илир Бериша, кој минатата недела беше уапсен за тероризам. 

Медиумите го посочуваат Kачаник и Генерал Јанковиќ како жариште на џихадистите, под силно влијание на екстремни имами од Македонија.

02.07.2014 - 23:59
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега