Медведев: Со укинувањето на примирјето Порошенко направи клучна грешка

Рускиот премиер Дмитриј Медведев денеска оцени дека обновата на мировните преговори во Украина ќе биде многу потешка откако украинскиот претседател Петро Порошенко направи драматична грешка укинувајќи го примирјето.

- Со укинување на примирјето, украинскиот претседател Петро Порошенко, направи драматична грешка. Тоа ќе предизвика уште жртви. И сега тој е лично одговорен за нив, напиша Медведев на Фејсбук.

Медведев потеннцира дека поради тоа многу потешко ќе се оживеат мировните преговори.

- Постојат правила на војување, посочи Медведев, мислејќи на мировните преговори меѓу завојуваните страни во источна Украина.

02.07.2014 - 20:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега