Анкета: Обама најлош американски претседател во изминатите 70 години

Американскиот претседател Барак Обама кој се соочува со уште еден тежок мандат, изби на врвот на листата на најлоши претсеатели на САД од Втората светска војна досега, се вели во резултати од анкета.

Околу 33 отсто анкетирани го гледаат Обама кој е избран во 2008 година и реизбран во 2012 година, како најлош лидер во изминатите 70 години, според анкета на Универзитетот Куинипајк.

До него по непопуларност, е само неговиот претходник Џорџ Буш кој беше на функцијата од 2011 до 2009 година, а кого најлош американски претседател го сметаат 29 отсто Американци.

Од друга страна, 35 отсто испитаници сметаат дека републиканецот Роналд Реган чиј претседателски мандат беше од 1981 до 1989 година е најдобар лидер кој државата го имала од 1945 година. За Бил Клинтон такво мислење имаат 18 отсто, а 15 отсто за Џон Кенеди. 

02.07.2014 - 17:53
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега