Дваесет години ги држела сопствените деца меѓу четири ѕида

Марко и Маријана Станковиќ живееле 20 години меѓу четири ѕида затоа што мајка им не им дозволувала да излезат и да се мешаат со луѓе/ Дури кога умрела тие излегле и го виделе надворешниот свет. Марко денес има 23 години, а Маријана е две години помлада. Судбината им наметнала да детството го минат заробени, а нивната приказна започнува кога мајка им останала сама и единствен столб на фамилијата. Била бремена со Маријана, кога си отпишол таткото. Тоа бил прв удар за семејството. Вториот следел кога Марко не ја примил потребната вакцина, па се разболел. 

„Со мојата болест и заминувањето на татко ми, веројатно започна паталошкиот страв на мајка ми дека може да ни се случи нешто лошо. Нејзиниот одговор беше да не сочува меѓу четири ѕида. Кога размислувам за тоа, одговорот го наоѓам во нејзината претерана љубов и грижа, која се граничела или преминала во болест. Не ми е лесно што го говорам овам но мајка ни ни беше единствениот на кој што можевме да се ослониме. Сепак ние бевме жртво на нејзиниот страв“, вели Марко. 

најчитано сега