Мареј елиминиран од Бугарот Димитров - Вимблдон ќе има нов шампион

Бугарскиот тенисер Григор Димитров е првиот полуфиналист на неофицијалното Светско тениско првенство Вимблдон, откако во четвртфиналето го елиминира бранителот на трофејот од минатата сезона Енди Мареј.

Во првиот четвтфинален меч во машка конкуренција, на 11-носител Димитров му беа доволни само 2 часа и 1 минута да го добие мечот со (3 носител) Енди Мареј и тоа со максимални 3:0 по сетови 6:1, 7:6 и 6:1.

Димитров за противник во полуфиналето ќе го има подобриот од мечот кој е во тек, меѓу првиот носител Новак Ѓоковиќ од Србија – (26) Марио Чилиќ од Хрватска.

На овој дуел во тек е третиот сет, а моментаниот резултат е израмнет 1:1 во сетови.

02.07.2014 - 17:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега