Студенти побрзајте: Распишан конкурсот за уписи на штипскиот универзитет

Универзитетот „Гоце Делчев“ -Штип го распиша конкурсот за упис на студенти во прва година во академската 2013-2014 година.

Марија Манева од Центарот за односи со јавност при УГД-Штип денеска информира дека годинава на 13-те факултети има слободни места за 5.068 бруцоши, од кои околу 4.000 за редовни и 1.000 за вонредни студенти.

- Идните студенти имаат можност да бираат меѓу 13. факултети и 100 студиски програми. Ново е тоа што Економскиот факултет ќе отвори дисперзирани студии во Радовиш, а тоа се „Финансиски менаџмент“ и „Менаџмент и претприемништво“, понатаму Технолошко-техничкиот факултет има студиска програма во Кочани, а Земјоделскиот факултет со студиската програма „Рурален туризам“ ќе биде застапен во Берово и Електро-техничкиот факултет има студиска програма во Гевгелија, вели Манева.

Првиот рок за уписите на 13-те факултети и на дисперзираните студиски програма на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип ќе се реализира на 13,14 и 15 август оваа година. 

ФОТО: А1.он