Што се случува: Фрчат откази во општина Карпош

Дваесетина вработени во општина Карпош се избркани од работа. Причина, како што соопштуваат од општината е што „биле неработници, редовно доцнеле на работа и ги позајмувале своите идентификациони картички за другите вработени да ги отчукуваат наместо нив.
Медиумите финансирани од СОРОС пак пишуваат едка Јакимовски политички им се реваншира на неистомислениците, што општинската управа категорично го демантира.
Според истите медиуми, општината била пред „финансиски крах“ и немала доволно средства да ги плаќа вработените.
Од Карпош објаснуваат дека станува збор за дезинформации а во врска со обвинувањата за откази по политичка линија, од општината велат дека меѓу оние кои останале без работното место има членови на сите партии, како и на партијата ГРОМ каде лидер е токму Јакимовски

02.07.2014 - 13:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега