МОНСТРУМ: Косово се уште молчи за екстрадацијата на Демири и Исмаиловиќ

Сејди Рами се врати во својот дом, четворица обвинети продолжуваат со притворот, а од Косово молк за екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ.  

Уште утре би можеле да бидат донесени во Македонија, ако косовските власти изразат волја, оценуваат правниците. Универзитетскиот професор Осман Кадриу е дециден, нема правна пречка за нивната екстрадиција, иако таму во тек е процес за нелегално поседување оружје.

- Нивната екстрадиција ако се изврши сега, според моето мислење и длабоко убедување е и во нивна полза.   Во нивна полза е затоа што тие без нивна вина не биле достапни на нашите правосудни органи и на самиот суд кој решаваше и одлучуваше по конкретниот кривично-правен настан.  Со нивното доаѓање тие автоматски по сила на закон може да бараат повторување на целата постапка.  Тие се повикуваат дека таа постапка треба да се заврши таму. Оваа околност е ирелевантна и не држи со оглед на тежината на делото кое е сторено на нашата територија е значително поголема, вели проф. Осман Кадриу, за Сител.

За нелегалното тргување со оружје тие може да одлежуваат казна и во Македонија, доколку се договорат двете држави, вели Кадриу.

Постои меѓународен договор кога доаѓа до фаза на одлуки да се утврди во чиј затвор да се издржи казната. И тука по основ на договор меѓу Косово и Македонија, потенцира Кадриу.

Но, со оглед на досегашниот тек  на екстрадицијата,  голема е веројатноста да бидат донесени дури по две години, откако ќе им завршат казните во Приштина.   Новиот министер за правда вели, обврските од наша страна се завршени.

Министерството за правда ги има преземено сите законски дејствија и согласно договорот меѓу двете Влади. На 14.02.2014 се доставени дополнителни податоци до МП на Косово. По поднесеното барање за екстрадиција, до ден денеска не е добиен одговор од Министерството  на Косово, вели за Сител новиот министер за правда, Аднан Јашари.

Косово не испраќа никакви информации за постапката таму. Постојано си ги префрлуваат одговорностите. Од косовското МВР не препратија во Правда.

-Сепак би било подобро да се обратите во министерството за правда, изјавилеод косовското МВР за Сител.

 Од министерство за правда никој не крева слушалка. А, не е достапен ниту адвокатот, објавува телевизијата.

Во  меѓувреме обвинителство најавува  дека ќе се жали во Апелација бидејќи Сејди Рами бил ослободен, а имало цврсти докази за неговата вина во петкратното убиство.

02.07.2014 - 12:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа