Трагедија во Тетово: Оставил проштално писмо па се обесил во својата куќа
Денеска во Полициската станица во Тетово во 12 часот и 20 минути е пријавено самоубиство.
Се работи за 37-годишниот Ивица М. кој се обесил на подпокривот од куќа на улица „Тодор Циповски-Мерџан“ во Тетово. Момчето се качило на стол и си го одзело животот, а оставило и проштално писмо до себе.
При обдукцијата врз телото на И.М не се констатирани други траги на насилство.