Лазаров трет на листата најдобри стрелци во Шпанија

Кире Лазаров со 156 гола, е трет најдобар стрелец во шпанската АСОБАЛ лига. Во просек нашиот најдобар ракометар постигнувал по 5,3 гола. Досега Лазаров има одиграно 29 од 30 натпревари за „јорганџиите“. Единствениот натпревар го пропушти против Арагон. Пред него со 196 погодци се најде Алекс Душебаев од Арагон и Енрике Плаза од Вила де Аранда кој успеа 177 пати да го погоди противничкиот гол.

Според официјалната статистика Кире Лазаров е трет стрелец во шпанската АСОБАЛ лига со 156 голови, или во просек по 5,3 голови по натпревар.

155 гола постигна Јоан Саубич од Хуеска, додека 153 Сиудад Енкантада. 

Минатата сезона Лазаров постигна исто така 156 гола и беше втор стрелец во лигата. Претходно најдобар стрелец беше и во времето кога настапуваше за унгарскиот Веспрем.

ФОТО: sportarena.mk

најчитано сега