Го застрелал среде улица - кривична за кичевчанец за убиство во обид

Полициската станица од Кичево против 55-годишниот А.А. од кичевското село Горно Строгомиште поднесе кривична пријава за „убиство во обид“. На А.А. му е одредена мерка притвор до 48 часа.

На 28-ми минатиот месец, пријавениот со намера да го лиши од живот, испукал еден куршум кон И.С. од селото Зајас нанесувајќи му тешка телесна повреда огнострелна рана во пределот на левата надколеница. Настанот се случил околу 12 часот на улицата „Маршал Тито“ во Кичево каде откако се сретнале, дошло до жестока меѓусебна расправија и физичка пресметка по што А.А. извадил пиштол марка „Црвена застава“ калибар 7,65 милиметри што го поседувал со одобрение и испукал еден куршум. Набрзо потоа, тој е приведен во полициската станица во Кичево.

На лице место извршен е увид во присуство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Гостивар и полициски службеници и полициски службеници од полициската станица од Кичево. Притоа пронајден е пиштолот како и една чаура огнено оружје кои се предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје. 

01.07.2014 - 12:57
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега