Антонио Милошоски станува потпретседател на Собранието

Антонио Милошоски и Рафиз Алити се предложени за потпретседатели на Собранието, додека третото потпретседателско место ќе биде дополнително пополнето поради неучеството на опозицијата во работата на Парламентот.

Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска на седница ги утврди предлозите што ќе ги достави до Собранието. Се очекува одлуката да биде донесена на утрешната седница на Парламентот.

Претседателот на Комисијата Зоран Илиоски посочи дека поради неучеството на опозицијата во работата на Парламентот дополнително ќе биде предложен третиот потпретседател на Собранието

01.07.2014 - 12:48
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега