Ставревски: Заздравува економијата во Македонија

 

Порастот на индустриското производство, како и позитивните показатели во трговијата и извозот ги покажуваат првите знаци на заздравување на финансии во Македонија, изјави министерот за економија и вицепремиер Зоран Ставревски.

- Факт е дека веќе трет месец имаме пораст на индустриското производство. Секако е охрабрувачки и покажува дека постои тренд на пораст на индустриското производство иако во Европа  случувањата не се толку позитивни и тоа е уште еден дополнителен факт да веруваме дека  во втората половина од годината кога се очекува европската економија да се стабилизира дека во Македонија  ќе продожи растот на индустриското проиводство и на вкупната економија, изјави Ставрески.

Исто така, вицепремиерот Ставревски најави и дека преку активни политики, преку носење дополнителни средства за малите и средните претпријатија преку поволни кредити и реализација на капиталните инвестиции во текот на годината ќе се помогне да има подобар економски раст.

најчитано сега