"Како да и кажеме дека остана без мајка и татко?" - уште една трагедија во Србија

 Како да и кажеме на малата Маша дека остана и без мајка и без татко. Како да и кажеме за оваа голема трагедија? Вака со солзи во очите зборуваат роднините на тригодишната Маша која вчера ги загуби двајцата родители во страотна сообраќајна несреќа.

Според податоците на српскиот Ало, се работи за 33-годишниот Драшко Јошиќ и 24-годишната Александра Радивојевиќ кои завчера во 15 часот и 45 минути со својот мотор загубиле контрола, влегле на левата коловозна лента и се дудриле со автомобил, при што за жал Драшко починал на лице место, додека неговата сопруга им подлегнала на повредите пред да дојде Брзата помош.

Роднините се уште кријат од малото детенце за трагичната судбина. Завиени во болка и тага не знаат како да и соопштат дека ги загубила и својата мајка и својот татко во ист ден.

Навистина трагично. Нека почиваат во мир.

 

01.07.2014 - 10:55
Фото: 
ало.рс
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа