Беснеат пожари во Грција

Голем шумски пожар беснее од вчера во централниот дел на полуостровот Пелопонез, во Јужна Грција.

Поради силниот ветер огнот беснее и загрозува населено место, чии жители се евакуирани, бидејќи пожарот стигнал на стотина метри од куќите.

 

Во населбата Ватија, која се наоѓа во областа Мани, се испратени пожарникари и авиони, за да се борат со огнената стихија, која зафати нискостеблеста шума.

 

На полуостровот Пелопонез беснее и друг пожар во реонот на Коринтија. Огнот е опасен, бидејќи е во близина на населено место.

01.07.2014 - 09:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега